Хаос во Женева: Нападнат таткото на Тосун, голгетерот им се закануваше на навивачите со „сечење на грклан“

Мечот меѓу Турција и Тунис требаше да биде пријателски, се играше на неутрален терен во Женева, но наместо случувањата на теренот оваа пријателска средба ја одбележа големиот инцидент кога на трибините беше нападнато семејсството на Ченк Тосун.

Турскиот голгетер кој настапува во Евертон го отвори резултатот со гол од пенал во 54. минута, а само неколку минути подоцна забележа дека на централната трибина неколку навивачи го малтретираат неговиот татко. Тосун ги загуби нервите, не можеа да го смират ниту соиграчите, а на напаѓачите им се закануваше „сечење на гркланот“.

Целиот инцидент беше забележан од судијата кој му покажа црвен картон на Тосун, кој бесен се упати кон соблекувалните.

„Кога некој ќе ти го нападне семејството, не можеш да останеш мирен, нормално дека збеснав во истиот момент кога видов што се случува. Се е во ред сега, татко ми дури ми е лут што сум добил црвен картон“ – изјави Тосун за турските медиуми неколку часа по натпреварот.

Се вчитува...