Хаосот почна: Милан не може да најде банка што ќе ги гарантира трансферите на Бонучи и на Билја

Италијанскиот калчолигаш Милан потроши огромни пари ова лето за реновирање на тимот и доведе цел нов тим. Меѓу нив и големи засилувања како Леонардо Бонучи, Андре Силва, Лукаш Билја…Но, почнаа и проблемите. Раководството на „росонерите“ се уште не може да ги регистрира Бонучи и Билја. Проблемот е во гаранциите. Имено, ниту една италијанска банка не сака да му даде гаранции на Милан, кои се потребни за Серија А да издаде дозвола за регистрација на новите фудбалери.

Едноставно, трансферите не се доплатени и токму затоа и Милан не може да ги регистрира Бонучи и Билја како свои нови засилувања. Дел од фудбалерите, според склучените договори, ќе се исплаќаат на неколку рати, во наредните години, но Милан за тоа сепак треба да има обезбеди банкарски гаранции. Но, банката „БПМ“ одби да му издаде гаранции на Милан, со оглед на нивната сегашна финансиска состојба. Сега „миланезите“ ќе се обидат да пронајдат интернационална банка која ќе издаде такви гаранции, а тогаш целата ситуација уште повеќе ќе се искомпликува.

А дотогаш, Винченцо Монтела нема да може да смета на дел од своите нови засилувања, иако тие веќе се претставени како нови фудбалери на Милан.

Се вчитува...