Хаосот во Мадрид се поизразен: Култниот „Сантијаго Бернабе“ се претвора во магацин

Коронавирусот парализираше голем број земји во Европа, а меѓу најзагрозените се Италија и Шпанија земји во кои и голем број спортски објекти стануваат објекти за поддршка на здравствениот систем.

Стадионот „Сантијаго Бернабеу“, еден од најпознатите во светот, од денеска е претворен во болница поради се поголемата зараза со коронавирусот во Мадрид.

Во договор со Владата на Шпанија, „Сантијага Бернабеу“ во следните седмици ќе биде складиште за лекови и медицинска опрема неопходна за борба против Ковид-19.

До сега во Шпанија се заразени повеќе од 56.000 лица, од кои најголемиот број во Мадрид, а повеќе од 4.000 се починати. Вонредната состојба во земјата е продолжена за уште две недели.

Се вчитува...