Хаосот во Саудиска Арабија продолжува: И Канте тргна по стапките на Роналдо!?

Кристијано Роналдо предизвика доста возбуда, а неговиот „бојкот“ на Саудиска Арабија и целата лига влијаеше на низа проблеми на кои им нема крај.

Како што е познато, Нголо Канте ги договори сите услови на време, отпатува во Истанбул за да го реализира трансферот во Фенербахче, но на крајот целата зделка пропадна. Зад сево ова стои конфузијата предизвикана од португалската ѕвезда, кој им се закани на Арапите дека нема да тренира ниту да игра ако не променат нешто во начинот на кој функционираат четирите најголеми клубови. 

Извори велат дека Канте е разочаран што не се реализирал трансферот во Истанбул, и дека бил крајно разочаран што не е во можност да тренира и да ги почитува професионалните обврски. Фенербахче во меѓувреме издаде соопштение во кое пишуваше дека сторил се да го реализира трансферот, но Ал-Итихад се одлучил да блокира. Тоа го налутило фудбалерот кој се одлучил да ги бојкотира тренинзите.

Сепак, трансфер преодниот рок во Турција трае уште три дена, и Французинот се надева дека ќе добие добри вести, и дека неговата желба на крајот ќе се реализира.

Се вчитува...