Харден се премисли: Останува во Хјустон?

Џејмс Харден разговараше со медиумите за првпат откако со закаснување им се приклучи на неговите соиграчи на тренинг-камапот во пресрет на новата сезона. Гласините за заминување на суперѕвезда од Хјустон беа „топ тема“ оваа претсезона, но на крајот најкорисниот играч на лигата од 2018 година би можел да остане во Тексас, и покрај тоа што не даде конкретен одговор на новинарските прашања.

„Сега сум концентриран на тоа да бидам тука. Денеска беше добро, вчера за пат по балонот беше навистина добро“ – изјави Харден.

Рокетс подготовките ги започнаа без својот најдобар играч кој беше остана да биде тема во медиумите, но со неговото недолично однесување на роденденски забави и по ноќни клубови во Лас Вегас. Како што вели осумкратниот Олстар играч, сега кога е тука фокусиран е само на екипата.

„Откако сум тука, за тоа повеќе не се збори, сега само се подготвувам за сезоната и тоа е најважно“ – додаде бекот на тимот од Тексас.

Се вчитува...