Хари Кејн донесе одлука: Желбата на напаѓачот е да го напушти Тотенхем

Првата ѕвезда на Тотенхем, Хари Кејн ги известил челниците на клубот дека сака да го напушти тимот ова лето. Како следна дестинација на напаѓачот на Тотенхем се посочува Челси, Манчестер Сити или Манчестер Јунајтед.

Веќе сите се согласуваат дека е време Кејн да ја промени средината затоа што несомнено влегува во најдобрите години од својата кариера, а трофеите со Тотенхем не може сам да ги освои.

Тотенхем досега не објави какви било планови за замена на напаѓачот, но се чини дека ова ќе се промени сега доколку се точни вестите дека Кејн навистина сака да си замине.

Сите се убедени дека тимот од Лондон нема желба да го продаде, но неговите менаџери наводно веќе имале контакти со Челси, Јунајтед и Сити.

Кејн ја помина речиси целата досегашна кариера во Тотенхем, ако не се земат во предвид кратките позајмици на почетокот во други клубови. Само оваа сезона тој постигна 22 гола и запиша 13 асистенции во Премиер лигата.

Се вчитува...