Хари Кејн, кралски подарок за Зинедин Зидан

Капитенот на англиската фудбалска репрезентација и на Тотенхем, Хари Кејн, е прва желба на тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан за следниот трансфер прозорец. Францускиот стратег сака да го засили нападот, а неговиот прв избор бил токму Кејн. За ова прашање, Зидан имал согласност и од претседателот Флорентино Перез.

Сепак преговорите за трансфер на Кејн веројатно ќе одат тешко со оглед дека тој со Тотенхем има договор до 2024 година, а сопственикот на клубот, Даниел Леви е добро познат како еден од најтешките преговарачи.

Потенцијалниот трансфер на Кејн стана особено актуелен откако тој во интервју рече дека би сакал да остане во Тотенхем, но сепак дека освојувањето трофеи му е единствена желба и со тоа ја отвори вратата за другите клубови. Англискиот репрезентативец е повреден во поголемиот дел од тековната сезона која секако има крајно неизвесна судбина.

Се вчитува...