Хари Кејн со четири голови против Шахтјор се прости од навивачите

Екипата на Тотенхем го победи тимот на Шахтјор Доњецк сп 5-1 во претпоследниот натпревар за англискиот тим ова лето. Хари Кејн беше херој на натпреварот постигнувајќи четири голови, а набрзо по неговиот последен гол ги крена на нозе фановите кои се збогуваа со него.

Сепак, официјално Кејн нема договор со Баерн Минхен, и засега е играч на Тотенхем. Шпекулациите и натаму продолжуваат, а се очекува во следните денови да се комплетира трансферот вреден 100 милиони евра.

Пред почетокот на мечот, тимот со овации го поздрави новиот тренер Постекоглу кому ова му беше прв натпревар пред воја публика.

За Шахтјор на голманската позиција почна легендарниот Андреј Пјатов, кој беше сменет во 15. минута, а воедно ова беше негов последен меч во кариерата.

Се вчитува...