Хасани Гравет од МЗТ Скопје на проба во Орландо Меџик!

Американскиот кошаркар Хасани Гравет кој минатата сезона беше дел од МЗТ Скопје Аеродром се враќа во НБА лигата каде потпиша договор со Орландо Меџик.

Гравет ќе биде додаден во тимот на Меџик во „офсезоната“ каде што ќе се бори за место во ростерот кој ќе ја стартува сезоната на средина на месец октомври.

Гравет токму од подружницата на Орландо во „Г-лигата“ Лејкленд Меџик стигна во МЗТ Скопје во 2020 година.

 

Се вчитува...