Хасани: Нашата цел е да го елиминираме Хелсинки

Шкендија има зацртана цел, да го елиминира Хелсинки и да се пласира во следната рунда од квалификациите во Лигата на Европа. Првата ѕвезда на Шкендија, Ферхан Хасани, ова го истакна на официјалната прес – конференција во Финска, во пресрет на утрешниот реванш меч против Хелсинки, кој ќе се одигра со почеток во 18 часот.

„Ние дојдовме во Финска со една цел, да го елиминираме Хелсинки и максимално сме фокусирани на нашата мисија. Тоа не значи дека ќе биде лесно, затоа што Хелсинки и на првиот меч покажа завиден квалитет. Но, ние сме подготвени да се бориме до крај, и се надеваме дека ќе ја одбраниме предноста што ја имаме од првиот дуел во Струмица“, изјави Ферхан Хасани.

hasani i osmani pred helsinki

Тренерот Ќатип Османи напомена дека Шкендија ќе игра отворено, затоа што и не знае да се брани. Очекува неговиот тим да одигра квалитетно и на крајот да се радува на пласман во следното коло од Лигата на Европа.

„Нема да се браниме тоа е јасно. Имаме предност од првиот меч, но ќе се трудиме да ја одржиме или да ја зголемиме со активна игра и офанзива. Шкендија не знае да се брани“, истакна тренерот на тетовскиот тим.

Се вчитува...