Хашимото: Сексистичките изјави се недозволени, ќе се обидеме да ја ​​вратиме довербата за игрите во Токио

Сеико Хашимото, претседател на организациониот комитет на Олимписките игри во Токио, истакна дека луѓето ја изгубиле довербата кон овој спортски спектакл, по дадените сексистичките изјави на поранешниот прв човек Јоширо Мори.

Светската пандемија и понатаму ги комплицира и отежнува ораганизациите за големите спортски настани, луѓето се во паника, па неопходна е имплементација на детален план за да бидат испочитувани здравствените мерки и протоколи. Сепак, покрај сето ова, Јоширо придонесе уште поголеми проблеми и фрли црна дамка врз овој настан, давајќи изјави кои се неприфатливи за 21. век.

„Нанесена е голема штета. Сепак, наше е да го исправиме тоа и да ја вратиме довербата на луѓето што е можно поскоро. Работиме напорно, многу работа е пред нас и малку време. Ние сакаме да вклучиме што повеќе дами, со цел да покажеме дека позицијата на Мори не е позиција на Јапонија “, рече Хашимото.

Сеико Хашимото учествуваше на дури седум Олимписки игри, како дел од тимот за велосипедизам и брзо лизгање. Според неа, една од клучните средби за ќе се одржи во среда, на 3 март.

„Ќе разговараме со Томас Бах. Ситуацијата е многу комплицирана поради пандемијата на коронавирусот. Се надевам дека ќе можеме да бидеме домаќини на многу луѓе, кои ќе доаѓаат од целиот свет. Ќе сториме сè за да успееме во таа намера“, рече Хашимото.

Се вчитува...