Репрезентацијата на Германија со 2-1 ја совлада селекцијата на САД во пријателски натпревар одигран во Чикаго. Двете селекции одиграа рамноправен натпревар, а на крајот Германците ги искористија шансите и дојдоа до победата.
Каи Хаверц во 2. минута од средбата со глава успеа да донесе предност за Германците. Американците израмнија со прекрасниот погодок на Робинсон, кој со волеј од 20 метри го совлада Бауман.
Лерој Сане во 57. минута успеа да донесе нова предност за Германија, после една одлична акција и реализација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
