Хави Мартинез ја стопи предноста на Борусија Дортмунд

Баерн Минхен ја совлада Херта со 1-0 на „Алијанц арена“ и се израмни бодовно со 51 бод со лидерот Борусија Дортмунд. „Милионерите“ утре ќе го одиграат дуелот против Баер Леверкузен од тековното коло во Бундес-лигата.

Хави Мартинез беше стрелец на победничкиот погодок за баварскиот тим во 62.минута, а Херта го заврши мечот со играч помалку поради исклучувањето на Рекик. Волфсбург ја изненади Борусија Менхенгладбах на гости и славеше со 0-3. Адмир Мехмеди беше двоен стрелец, а погоди и Герхарт.

Мајнц го совлада Шалке со 3-0, а убедлив триумф (5-1) забележа Фрајбург против Аугсбург.

Се вчитува...