Хави Мартинез се враќа во Атлетик Билбао?

Шпанскиот фудбалер Хави Мартинез е пред враќање во тимот на Атлетик Билбао, пренесуваат шпанските медиуми. Триесет годишниот фудбалер седум години го носи дресот на Баерн Минхен, а по се изгледа е време да се врати во Билбао. Претседателот на баскискиот клуб Аитор Елизеги изјави дека без проблеми ќе платат 20 милиони евра, за Мартинез да се врати.

„Можеме да платиме 20 милиони евра за Мартинез без никаков проблем. Имаме капацитет да донесеме фудбалер од негова класа. Од економска страна немаме проблем, но за конечната одлука треба да се консултираме со бордот на директори“, изјави Елизеги. 

Мартинез нема никаков проблем да се врати во Билбао.

„Билбао е вистински рај. Таму имам многу пријатели и не можам да кажам дека не сакам да се вратам“, рече Мартинез. 

Шпанскиот фудбалер од 2006 до 2012 играше за Атлетик Билбао. За клубот забележа 251 настап на кој постигна 26 гола.

Се вчитува...