Хејнкес: Бешикташ во ЛШ има три победи на гости, не очекувам да се бранат против нас

Тренерот на Баерн Минхен, Јуп Хејнкес потенцираше дека дуелот против Бешикташ ќе биде голем предизвик за неговата екипа, особено што турскиот првак забележа три победи на гости во групната фаза.

„Бешикташ не случајно се пласираа како прв тим од нивната група. Tие забележаа три победи на гости во групната фаза, па не очекувам да се бранат против нас на „Алијанц“ арена. Бешикташ знае да биде многу опасен ако им се остави простор. Нивниот тренер, Шенол Гунеш е одличен стратег со богато искуство, очигледно е дека врши фантастична работа во клубот“, истакна Хејнкес.

Баерн Минхен утре ќе го вгости Бешикташ на „Алијанц“ арена во рамките од првиот осминафинален дуел во Лигата на шампиони.

Се вчитува...