Хејворд успешно опериран, враќање на терените дури по крајот на сезоната

Кошаркарот на Бостон селтикс, Гордон Хејворд, успешно ја мина операцијата на скочниот зглоб, откако доживеа страшна повреда на отворањето на новата сезона во НБА. Хејворд на мечот со Кливленд кавалирс, заработи скршеница на зглобот по само шест минути поминати на паркетот, а според првичните информации од неговиот агент, крилото на Бостон нема да се врати на терените до крајот на сезоната.

„Хејворд успешно ја помина операцијата. Засега најважно за него е да застане на нозе, а потоа да размислува за враќање на паркетот. Нема потреба да го забрзуваме процесот на закрепнување, сакаме Гордон да се врати во неговата „ол-стар“ форма откако ќе зачекори на терените“, вели Марк Бартелстајн, агентот на Хејворд.

Ноќеска екипата на Бостон го одигра првиот меч на домашен терен, пред своја публика го забележаа вториот пораз на стартот од сезоната. Овојпат Милвоки бакс беа подобри од нив со резултат 100-108. Без Хејворд кој требаше да ја има улогата на предводник, Бостон селтикс ќе имаат големи проблеми да ги остварат целите за оваа сезона.

Се вчитува...