Херера останува верен на Борац Бања Лука до 2028 година

Себастијан Херера потпиша нов договор со Борац Бања Лука со кој се обврзува со тимот до 2028 година.

Себастијан Херера ги освои срцата на сите навивачи на Борац со своите игри и однос кон клубот, а од раководството на клубот од Босна и Херцеговина не го криеја задоволството што е постигнат договор за продолжување на соработката.

„Немав двоумење кога седнавме на маса за да преговараме за продолжување на нашата соработка и многу брзо постигнавме договор. Борац и Бања Лука имаат посебно место во моето срце, не само поради резултатите на фудбалскиот терен, туку и приватно. Навистина се чувствувам како дома тука и со нетрпение ги очекувам новите предизвици што нè очекуваат. Заедно ќе постигнеме нови победи“, рече Херера.

Се вчитува...