Херера: Сакаме победа без примен гол против Динамо Минск

Работнички во второто квалификациско коло од Лигата на Европа ќе ги одмери силите со белорускиот тим Динамо Минск, а левиот бек Себастијан Херера посакува победа без примен гол на првиот меч, кој ќе се одигра в четврток, со почеток во 18 часот, на комплексот на ФФМ.

„Дуелите со Динамо Минск се многу посериозен предизвик за нас. Знаеме дека се работи за квалитетен тим, но веруваме во сопствените квалитети и се надеваме дека ќе оствариме победа, за да заминеме со предност на реваншот во Белорусија. Секако, ќе биде многу важно и да не дозволиме да се затресе нашата мрежа. Тоа е можеби и клучно, кога се играат вакви европски дуели“, изјави Себастијан Херера за официјалниот сајт на клубот.

Одбраната на Работнички овојпат ќе биде ослабена, без услугите на репрезентативецот Ванче Шиков, кој замина од клубот и кариерата ќе ја продолжи во Тобол, прволигашот од Казахстан.

Се вчитува...