Еквадор 22 месеци не знаеше за пораз на натпреварите и со голем оптмизам допатува на овој светски шампионат, но јужноамериканската селекција доживеа ладен туш на самиот старт, губејќи од Брегот на Слоновата коска со 1-0.
Амад Диало беше асот што го натера Еквадор на капитулација, крилниот офанзивец воопшто не беше стартер за „слоновите“, но од самото влегување во игра веднаш стави до знаење дека ќе биде кошмар за Еквадорците.
Имаше шест успешни дриблинзи, 88 проценти успешност во додавањата, 2/2 во долгите додавање и 7/9 во дуелите со противничките фудбалери.
И сето тоа, крунисано со фантастичниот погодок од работ на шеснаесетникот постигнат во последната минута, за огромна радост на Брегот на Слоновата Коска и прва победа на оваа селекција над ривал од Јужна Америка во историјата на фудбалските мундијали.
По ова издание, нема сомнеж дека Диало заслужува да биде стартер на наредниот натпревар на Брегот на Слоновата коска на овој светски шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
