Лео Меси настапи на својот шести фудбалски мундијал, дваесет години по своето деби на светските шампионати. За ветераните секое ново учество е успех сам по себе, но за Лео тоа никогаш не било случај, а рано утрово Меси уште еднаш ја покажа својата величина, и тоа на најголемата сцена.
Хет-три со кој го мина Пеле, се израмни со Клосе и урна уште низа рекорди со кои Лео го потврди она што многумина веќе подолго време го знаеме – дека е најдобриот во светот на фудбалот на сите времиња.
Алжир е минат рутински, но Меси и другарите со оваа лесна победа испратија јасна порака – покажаа зошто се светски шампиони и дека немаат намера така лесно да се откажат од тронот на светскиот фудбал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
