Феран Торес се мачеше на овој мундијал, не успевајќи да искористи неколку одлични шанси подготвени од соиграчите. Но, не престана да верува, ниту тој, ниту пак селекторот Де ла Фуенте во него.
И таа доверба се исплатеше, бидејќи голгетерот на Барса блесна во вистински час, успевајќи во она што Шпанците се обидуваа да го сторат повеќе од 100 минути – да го најде патот до мрежата на одличниот Емилијано Мартинез.
Гол еден, ама највреден, за искачување на тронот на светскиот фудбал. Гол постигнат од шпанскиот херој – Феран Торес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
