Херој на денот: Гол-машината Килијан Мбапе

Франција го загуби натпреварот, но кога ќе се урне рекорд како што тоа го стори Килијан Мбапе, јасно е дека членот на „кралскиот клуб“ го заслужува епитетот херој.

Да се биде најдобар стрелец во историјата на мундијалите, и тоа со само три одиграни светски првенства (Меси има шест), да се имаат 22 гола на 22 меча на мундијалите, да се има десет гола на СП 2026 (последен пат до ваква бројка на СП стигнал Герд Милер во 1970)… само ја потврдуваат класата на Мбапе.

Два гола и една асистенција против Англија, за вкупно 10 гола и 4 асистенции на овој светски шампионат.

Секоја чест, Килијан Мбапе.

Се вчитува...