Херој на денот на СП: Семоќниот Возиња ги излуде Шпанците

Зеленортските острови приредија супер-сензација на стартот на СП 2026 откако на своето мундијалско деби успеаја да приредат сензација – ремизирајќи со европкиот првак Шпанија.

Африканската селекција важеше за огромен аутсајдер, но голманот Возиња го имаше мечот на кариерата токму на најголемата сцена, против една од најголемите светски репрезентации.

Ветеранот кој има наполнето 40 години бранеше спектакуларно, имаше седум извонредни интервенции со кои ги излуде противниците, испишувајќи историја и носејќи огромна радост во татковината.

Исто така, Возиња стана највозрасен голман во историјата на СП што успеал да ја сочува својата мрежа незатресена. И тоа против ривал со атомски напад. Секоја чест…

Се вчитува...