Херојот Бергеруд: Знаев каде ќе шутира Хорват…

Норвешка беше на работ на пораз кога чешките судии покажаа на седум метри при истекот на времето на полуфиналето со Хрватска. Сепак, голманот Торбјорн Бергеруд прерасна во национален херој откако го запре пеналот на Златко Хорват и им овозможи на своите репрезентативни колеги преку дополнителни десет минути игра да стигнат до историско прво финале на големите ракометни натпреварувања.

Знаев дека немам што да загубам, дека притисокот ќе биде целосно врз противничкиот ракометар. Уште пред да ја земе топката и да се погледнеме очи в очи знаев каде ќе шутира и решив кој дел од голот ќе го затворам. Ја чувствував поддршката од сите соиграчи, бидејќи сме таква група во која секој верува во секого, имаме фантастичен морал и токму тоа ни го донесе ова големо финале“ – истакна Бергеруд за норвешките медиуми по големата победа.

Се вчитува...