Херојот Брозовиќ го бара пола Европа

Марсело Брозовиќ е еден од најпосакуваните фудбалери во Европа. Договорот на хрватскиот репрезентативец со Интер завршува на крајот на сезоната, а веројатноста да ја продолжи соработката со „нероаѕурите“ е мала со оглед на финанските проблеми на клубот од Милано.

Имено, според сегашниот договор Брозовиќ заработува 3.5 милиони евра годиншно, а за потпишување на нов бара и поголема плата која клубот не може да си ја дозволи. Целата ситуација ќе се обиде да ја искористат ПСЖ, Манчестер Јунајтед и Тотенхем кои го посакуваат 28-годшникот во своите редови.

Инаку, Марсело Брозовиќ важи за голем хуманитарец, а на македонската јавност и стана познат за истото откако донираше три илјади евра за лекувањето на скопјанката Стаменка.

Се вчитува...