Херојот кој со четири гола го урна Реал: Не можев ниту да сонувам ваква вечер

Валентин Кастелјанос, е човекот за кого цела Европа (ќе) зборува деновиве. Играчот на Жирона синоќа четири пати го „матираше“ големиот Реал Мадрид, што стана прв играч од 1947 година кој му заби четири гола на кралскиот клуб во Ла Лига.

Тој стана само четвртиот фудбалер во Шпанија кој постигна „покер“ голови против Реал, а прв после Естебан Ечеварија. Кастелјанос со тие четири гола му донесе победа на својот тим од 4-2, и така избега од опасната зона, а на „кралевите“ им ја одзеде шансата за одбрана на трофејот во Ла Лига.

„Беше тоа вечер од соништата. Кога играте против најдобриот тим на светот, не можете ниту да сонувате дека ќе постигнете четири гола. Ќе го поделам овој момент со нашите навивачи, со своите најблиски во Аргентина, кои секогаш ме поддржуваа. Среќен сум поради победата, поради тоа што е важна затоа што избегавме од опасната зона“, изјави Кастелјанос.

Се вчитува...