Херојот на Ајакс го урна ПСВ, па порача: „Доста е, спремен сум за заминување“

Бекот на Ајакс, Нусир Мазрауи попладнево со гол донесе победа на својот тим во дуелот со лутиот ривал ПСВ. Тој го постигна вториот гол во победата од 1-2, а после натпреварот порача дека сака да замине од клубот.

„Мислам дека го догистнав максимумот. Доста беше тука, подготвен сум за заминување и за нов предизвик. Ако ме прашувате за шансите за останување во Ајакс, се многу мали – можеби 5%“, рече Мазрауи.

За него има интерес од Бундеслигата, како и од неколку шпански и англиски клубови.

Се вчитува...