Херојот на Шпанија открива: Уште пред СП знаев дека ќе си одам од Барселона

Херојот на фудбалската репрезентација на Шпанија на последното СП, Феран Торес, ова лето си замина од Барселона и потпиша за ПСЖ, а сега открива дека одлука била донесена многу порано.

„Разговорите со ПСЖ ги започнавме уште пред почетокот на Светското првенство и уште тогаш донесов одлука да потпишам за Светците. Овој трансфер е чекор напред пред мене во кариерата. Горд сум што потпишав за европскиот шампион. Следниот натпревар против Барселона ќе биде специјален за мене, сепак таму поминав четири години“, изјави Феран Торес.

Торес имаше одлично деби во дресот на актуелниот европски шампион, ги постигна двата гола за ПСЖ во ремито против Рен (2:2).

Се вчитува...