Зеленортски острови шокантно освоија бод ремизирајќи 0-0 против Шпанија во нивното деби на Светското првенство во првото коло од Групата Х.
Херој на тој натпревар беше 40-годишниот голман Јосимар Дијас, попознат како Возиња. На натпреварот против Шпанија, тој имаше седум одбрани. Тој целосно го воодушеви фудбалскиот свет и тоа се почувствува на социјалните мрежи.
Пред натпреварот, тој имаше само 50 илјади следбеници, што му доликува на член на португалскиот второлигаш Чавес, но како што натпреварот се приближуваше кон крајот, неговиот број на следбеници растеше. За време на интервјуто за бразилската телевизија, тој имаше околу два милиони следбеници, а точно 24 часа по почетокот на средбата, тој има неверојатни 8,2 милиони следбеници на својот Инстаграм профил.
Една од главните причини за ова е тоа што тој е поддржан од Бразилците, кои се една од најбројните нации во светот со околу 212 милиони жители. Доколку неговата репрезентациј продолжи со овие настапи, бројот на следбеници на нивниот голман би можел значително да порасне.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
