Херта ја доби „берлинската војна“ против Унион (ВИДЕО)

Херта славеше во големото берлинско дерби против Унион со 3-1. Гостите поведоа во 20. минута преку Авонији, но клучниот момент се случи три минути подоцна кога Андрих крвнички стартуваше врш противникот по што доби директен црвен картон.

Домаќините до крајот ја искористија бројчаната надмоќ и успеаја преку Пекарик и на двапати Пјонтек да стигнат до големи три бода. Унион по поразот останува шесто пласиран со 16 бода, додека Херта сега е 11. со пет бода помалку од големиот ривал.

 

 

Се вчитува...