Хесус: Среќни сме за триумфот, но ќе биде тешко и на реваншот

Манчестер Сити успеа да слави на гостувањето на „Сантијаго Бернабеу“ откако во финишот направи пресврт (1-2) против Реал Мадрид. Бразилецот Габриел Хесус беше стрелец на првиот гол, а потоа дојде и пеналот што го реализираше Кевин де Бруин.

„Среќни сме за победата. Не е лесно да се победи Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“. Игравме квалитетно цел натпревар, а во завршницата успеавме да ги постигнеме посакуваните голови. Но, не е ништо завршено, секако ќе биде тешко и на реваншот во Манчестер. Реал Мадрид е голем тим“, изјави Габриел Хесус.

Се вчитува...