Хет – трик на Хасани за Хелсинки

Македонскиот интернационалец Ферхан Хасани постигна хет – трик во триумфот на Хелсинки на гостувањето против Хака (1-4). Тој во периодот од 59. до 68.минута беше стрелец на три гола, од кои два од пенал.

Хасани беше стартер во составот на Хелсинки, а интересно сите пет гола на овој меч беа постигнати во второто полувреме. Потоа Хасани и беше повлечен од игра во 77.минута.

Се вчитува...