Хет – трик на Меси, дебакл за Еспањол на „Камп Ноу“

Барселона на најдобар можен начин го искористи „киксот“ на Реал Мадрид против Леванте, совладувајќи го Еспањол во каталонското дерби со убедливи 5-0. Така уште на стартот од првенството на Ла Лига, каталонскиот тим има четири бода предност во однос на најголемиот ривал.

Лионел Меси беше кобен за Еспањол, постигнувајќи го 38. хет – трик во дресот на Барса. Тој го отвори резултатот во 26.минута, а девет минути подоцна зголеми на 2-0. Во 67.минута го комплетираше хет – трикот на овој меч.

Сепак, не беше тоа се од Барселона. Во финишот и Жерар Пике и Луис Суарез се запишаа меѓу стрелците за убедлив триумф од 5-0.

All Goals & highlights HD – Barcelona 5-0… by livgol by Jek09Pre

Се вчитува...