Хет – трик на Тричковски на Кипар

Македонскиот фудбалски репрезентативец Иван Тричковски игра во одлична форма во кипарскиот шампионат. Тој постигна хет – трик за АЕК Ларнака на денешниот меч против Докса на гости (0-5). Акоран го отвори резултатот на овој натпревар, а потоа на сцена стапи Тричковски.

Македонецот стрелаше во 22., 39. и во 77.минута, а серијата голови ја затвори Начо Касес во самиот финиш од дуелот. Тричковски со новите три гола стигна до вкупно 36 во дресот на АЕК Ларнака и стана најдобар стрелец-странец во историјата на клубот. Цел натпревар за АЕК Ларнака одигра и Даниел Мојсов.

АЕК Ларнака по 17 одиграни кола се наоѓа на четвртата позиција на табелата во првенството на Кипар со 28 бода, дури 13 помалку од лидерот АПОЕЛ.

Се вчитува...