Хичкок заигра за Шкупи, Устабаши обезбеди Европа пред шокираниот Работнички

Шкупи со супер пресврт во последните мигови го совлада Работнички со 1-2 на „Тодор Проески“ арена и го обезбеди четвртото место кое носи пласман во квалификациите за Лигата на Европа. „Романтичарите“ имаа предност со голот на Баже Илијоски во 84.минута, но Џонатан Берат Устабаши во 89.минута и во 92.минута обезбеди европски излез за тимот од Чаир. Неверојатно интересен финиш имаше последното коло од шампионатот во Првата фудбалска лига. Во Европа ќе оди и Македонија ЃП на сметка на Вардар, кој не доби лиценца, како и шампионот Шкендија и третопласираниот состав на Академија Пандев.

Македонија Ѓорче Петров имаше многу полесна задача против Победа која веќе неколку кола е второлигаш и славеше со 1-3. Овој триумф ги носи „лавовите“ во квалификациите од Лигата на Европа, како петтопласирани, откако Вардар не доби евро-лиценца.

Бенјамин Демир го отвори резултатот во 39.минута, Боби Божиновски зголеми на 0-2 во 51.минута, а триумфот го потврди Илирид Адеми во 70.минута. Јаник Макота во 82.минута постигна почесен гол за Победа.

Ренова ја совлада Шкендија со 3-1 во тетовското дерби. Шкендија поведе со голот на Енсар Љума во 12.минута, но Емран Рамадани со два гола направи пресврт за Ренова во финишот на првиот дел. Тој во 41. и во 44.минута ја тресеше мрежата на младиот тим на Шкендија. Во 77.минута, Мухамед Усеини го постигна третиот гол за „гипсарите“, а Бесмир Бојку намали на 3-2 во 86.минута.

Вардар нема да игра Европа поради неиздадената лиценца, а ремизираше (1-1) против Академија Пандев на гости. Стрелец на голот за вардарци беше Фелипе во 65.минута, а десет минути подоцна возврати Диме Димов.

Силекс ја совлада Беласица со 2-1. Филип Дурански во шестата минута донесе водство за Силекс, а израмни Христијан Денковски во 66.минута. Но, Бобан Георгиев во 72.минута успеа да постигне победнички погодок за кратовци, кои ќе играат бараж за опстанок во елитното друштво.

ПРВА ЛИГА 36.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ

РЕНОВА – ШКЕНДИЈА 3-2

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ВАРДАР 1-1

РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ 1-2

ПОБЕДА – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-3

СИЛЕКС – БЕЛАСИЦА 2-1

Табела: Шкендија 79, Вардар 64, Академија Пандев 58, Шкупи 48, Македонија ЃП 47, Ренова 47, Работнички 46, Силекс 44, Беласица 38, Победа 23.

 

Се вчитува...