Химки го отпушти Барцокас

Јоргос Барцокас повеќе не е тренер на Химки откако грчкиот стратег денеска доби отказ по слабиот старт на сезоната. Од поранешниот тренер на Перо Антиќ од Олимпијакос се очекуваше во Химки да состави тим со кој би парирал на ЦСКА Москва, но слабите игри во Евролигата и во ВТБ-лигата придонесоа тој да добие отказ од функцијата.

За Барцокас ова е втора неуспешна авантура во Русија, откако претходно не се снајде ниту на клупата на Локомотив Кубан, а за одбележување е дека лани имаше очајна сезона и како тренер на Барселона.

Химки експресно го именуваше и новиот тренер, Литванецот Римас Куртинаитис, за кого ова е враќање назад во рускиот клуб по успешната авантура од 2011 до 2016 година, период во кој Химки два пати го освојување Еврокупо, во 2012 и во 2015 година.

Се вчитува...