Hisense ви ги претставува најинтересните рекорди во историјата на светските првенства!

Бразил е земја со најмногу освоени светски фудбалски титули и единствената репрезентација која играла на секое светско првенство во историјата. Miroslav Klose и Ronaldo се стрелци со најмногу голови, додека Lotar Mateus е играчот со најмногу одиграни натпревари на сите светски првенства. Ова се само дел од рекордите од богатата историја на најпрестижното фудбалско натпреварување, но не и најинтересните. Токму затоа, загревајќи се за претстојното светско првенство кое на крајот на оваа година ќе се одржи во Катар, во продолжение ви ги пренесуваме 10-те најинтересни рекорди постигнати на претходните мундијали.

Еден од спонзорите на овогодинешното светско првенство е компанијата Hisense, чии телевизори им даваат на навивачите искуство да гледаат натпревари буквално како да се на стадион. Со технологијата Quantum Dot Color, 4K резолуцијата и аудио-визуелното кинематско искуство со функциите Dolby Vision HDR и Dolby Atmos, најновата линија на UHD телевизори на Hisense нуди низа модели кои го подигнуваат искуството во гледање телевизија на сосема ново ниво.

Како компанија која ги поместува границите кога станува збор за технологијата, Hisense ги претставува некои од најатрактивните рекорди на кои љубителите на најважната споредна работа во светот биле сведоци низ историјата.

1. Победата на Русија со 6:1 над Камерун во групната фаза 1994 година во САД не беше доволна за пласман на Русите во второто коло. Но, на Oleg Saljenko постигнатите пет голови му беа доволни заедно со Hristo Stoichkov да стане најдобар стрелец на првенството и играч со најмногу постигнати голови на еден мундијалски натпревар.

2. На истиот натпревар беше соборен уште еден рекорд. Имено, камерунецот Roger Milla со голот против Русија стана најстариот играч кој постигнал гол на Светско првенство. Тој тогаш имаше 42 години и 35 дена.

3. Познато е дека два добиени жолти картони значат црвен и исфрлање од игра. Сепак, судијата на натпреварот меѓу Австралија и Хрватска во 2006 година не ги броеше правилно картоните што му ги додели на Joe Simunic, па Simunic остана во игра и по второто предупредување. Сепак, малку подоцна направи уште еден предупредувачки фаул и со тоа стана првиот играч во историјата на светските првенства кој бил исклучен по три жолти картони.

4. Најбрзиот гол беше постигнат по само 11 секунди, а стрелец беше Hakan Sukur кој со овој гол и помогна на Турција да го освои бронзениот медал против домаќинот Јужна Кореја

5. Според многумина, најдобриот фудбалер на сите времиња – Пеле, е и сопственик на бројни рекорди. Покрај тоа што е најмладиот играч кој го освоил светското првенство, тој е единствениот кој три пати го подигнал трофејот.

6. Речиси 37 часа, односно 2217 минути, Paolo Maldini помина играјќи на светските првенства од 1990 до 2002 година, што го прави фудбалер со најмногу одиграни минути. Сепак, тој играше само во едно финале, во 1994 година кога Италија загуби на пенали од Бразил.

7. Апсолутниот рекорд по број на гледачи е постигнат во 1950 година на финалниот натпревар помеѓу Бразил и Уругвај, кој се одигра на Маракана во Рио де Жанерио. На стадионот имаше неверојатни 173 илјади гледачи.

8. Gabriel Omar Batistuta, легендарниот аргентински напаѓач, е единствениот фудбалер кој успеал да постигне хет-трик на две светски првенства. Во 1994 година во Америка тоа го направи против Грција, а во 1998 година во Франција против Јамајка.

9. Кога сме кај хет-трикот, автор на најбрзите три гола во историјата на светските првенства е László Kiss, за кои му беа потребни само осум минути во победата на Унгарија против Ел Салвадор на светското првенство во Шпанија во 1982 година. Покрај тоа, на овој натпревар беше забележан уште еден рекорд. Имено, Унгарија победи со 10:1 и со тоа стана селекција со најмногу постигнати голови на еден натпревар од светските првенства.

10. Убедливо најмногу црвени картони, дури 27 имало во Германија во 2006 година. Последното исклучување во тоа натпреварување е веројатно најпознатото на сите времиња, кога Zidan со глава го удри Materazzi во градите, во продолжението од финалниот меч.

Светското првенство во Катар, кое започнува во ноември, веќе собори некои рекорди. На пример, она за најскапиот шампионат некогаш одржан. Сепак, оние кои се фудбалски навивачи најмногу се „радуваат“ на случувањата на самиот терен, а гледањето на натпреварите со најновата UHD линија на телевизори од компанијата Hisense е најдобриот начин да посведочиме за многуте историски моменти кои не очекуваат во Катар.

Се вчитува...