Голманот на Зеленортските острови, Хосимар Хозе Евора Дијаз, попознат како Возиња, е вистинското откритие на овогодинешното Светско првенство. Според светските медиуми, тој сега би можел да потпише за Интер Мајами.
Станува збор за клуб во кој ко-сопственик е Дејвид Бекам, а главна ѕвезда на тимот е Лионел Меси. Медиумите пишуваат дека трансферот е блиску до реализација, што значи дека наскоро ќе стане соиграч на капитенот на аргентинската репрезентација, кого го излуди со своите одбрани на тековното Светско првенство.
Неговиот последен клупски ангажман беше во португалскиот Чавес, каде што неговата пазарна вредност беше проценета на само 50.000 евра.
Трансфермаркт се уште не ги ажурирал податоците, ќе го стори тоа по завршувањето на Светското првенство, и нема сомнение дека вредноста на Возиња ќе скокне најмалку 10 пати по феноменалните одбрани на шампионатот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
