Хјустон на тренинг, Харден во стриптиз-клуб (видео)

Новата НБА-сезона ќе стартува за петнаесетина дена, а од Џејмс Харден нема ни трага ни глас во тренинг-центарот на Хјустон. Затоа пак се појави видео снимка од „брадата“ како ужива во друштво во стриптиз клуб.

Асот на Хјустон, кој сезонава ќе заработи околу 40 милиони долари, буквално се расфрла со пари околу себе, а како што може да се види, кошарката не му е приоритет во моментов.

Јавна тајна е дека Харден е незадоволен во Хјустон, а ваквото однесување е само притисок врз „ракетите“ да му го прифатат барањето да биде „трејдуван“ во друг клуб со шампионски амбиции.

Се вчитува...