Хоџсон по срамниот пораз од 7-0 од Ливерпул: „Загуби подобриот тим…“

Менаџерот на Кристал Палас, Рој Хоџсон имаше сили и да се шегува по убедливиот пораз од 7-0 од Ливерпул во Премиерлигата.

„Загуби подобриот тим“ – рече по мечот низ смеа Хоџсон, и дополни:

„Не може да кажам ништо позитивно. Понижени сме резултатски и лошо се чувствуваме. Ова е нешто ново за сите нас. Не знам што воопшто да кажам. Едноставно мора да го пребродиме ова и да извлечеме поуки. Сигурен сум дека можеме“.

И Жозе Мурињо неодамна по поразот на Тотенхем од Ливерпул истакна дека неговиот тим бил подобар на терен, но загубил. Хоџсон го искористи тоа и за да се пошегува денеска.

Се вчитува...