Хофенхајм пазареше од Фенербахче

Хофенхајм продолжи да се засилува во овој преоден рок откако германскиот прволигаш го договори трансферот на Атила Салаи, унгарскиот репрезентативен дефанзивец кој доаѓа од редовите на Фенербахче.

Турскиот гигант прави ремонт во играчкиот кадар летово, по што даде зелено светло за Салаи за 12 милиони евра да може да се пресели во Бундес-лигата како еден од најскапите трансфери во клупската историја. Се очекува Салаи во наредните 24 часа да замине за Германија, каде по лекарските прегледи ќе го потпише четиригодишниот договор со новиот клуб.

Хофенхајм ја заврши ланската сезона на 12. место на табелата, долго време стравуваше и за прволигашкиот статус, па станува јасно дека управата сака да состави што поквалитетен играчки ростер за со таква опасност да не се соочи и во наредната сезона.

Новиот шампионат на Бундес-лигата стартува на 18 август, а Хофенхајм во првото коло ќе го пречека тимот на Фрајбург.

Се вчитува...