Хокеарите на Тампа Беј ја освоија НХЛ лигата

Тампа Беј Лајтнингс е новиот шампион во канадско-американската НХЛ лига. Лајтнингс славеа во шестиот меч од финалната серија против Далас Старс со 2-0 и со вкупни 4-2 стигнаа до титулата во НХЛ лигата по пауза од 16 години.

Головите за Тампа во одлучувачкиот меч ги постигнаа Брејдан Поинт и Блејк Колман, а за најкорисен хокеар во плеј-офот е избран Виктор Хедман од редовите на шампионот. Ова е втора титула за тимот од Флорида, откако претходно Лајтнингс славеа и во 2004 година.

 

Се вчитува...