Хокеарите обезбедија финале на „Девелопмент куп“

Репрезентацијата на Македонија во хокеј на мраз продолжи со одличните игри на „Девелопмент куп“ што се одржува во Германија, каде нашите хокеари во четвртиот натпревар ја забележаа и својата четврта победа.

Тие за ривал во полуфиналето ја имаа Андора, селекција што како и претходно во групната фаза рутински ја добија со убедливи 6-3. Прашањето на победникот беше решено уште кон средината на вториот период, кога македонските хокеари стигнаа до недостижна предност од 4-0. Се што успеаја Андорците да направат е да се приближат на 5-3, но шестиот гол во нивната мрежа значеше и печат на пласманот на Македонија во големото финале.

Таму македонскиот национален тим ќе се сретне со селекцијата на Португалија, која во вториот полуфинален дуел славеше над Ирска со убедливи 10-1.

Се вчитува...