Хокеарската замена на Солскјер ќе остане запаметена во фудбалската игра

Манчестер јунајтед славеше со 3-0 над Шефилд Јунајтед на „Олд Трафорд“ со хет – трикот на Антони Марсијал, а потегот на денот сепак го направи менаџерот Оле Гунар Солскјер. Тој одлучи да направи хокеарска замена на десетина минути пред крајот, повлече дури петмина фудбалери и внесе нови сили на теренот.

Игало, Мектоминеј, Переира, Џејмс и Мата влегоа во игра и ги заменија Марсијал, Фернандеш, Погба, Рашфорд и Гринвуд.

По препорака на УЕФА, дозволени се по пет замени на фудбалските натпревари по рестартот на натпреварувањата во европските фудбалски лиги.

Се вчитува...