Холандија со пенал во 98. минута до победа над Узбекистан

Холандија не го дочекува стартот на СП 2026 во најдобра форма откако „лалињата“ едвај сллавеа со 2-1 на „генералката“ во која за противник го имаа Узбекистан.

Куман се реши за офанзивна формација со Мален и Самервил во нападот помогнати од Гакпо, а токму Коди Гакпо од пенал ја доведе оваа селекција во водство по триесетина минути игра.

„Лалињата“ беа далеку од посакуваното ниво, а во 88. минута имаа и помош од главната судијка, која по играњето со рака на Тил му покажа црвен картон на холандскиот дефанзивец, но наместо да досуди пенал го извади прекршокот надвор од шеснаесетникот.

Узбекистан сепак стигна до посакуваниот погодок во втората минута од судиското продолжение, откако Сергеев се најде на вистинското место и од пет-шест метри ја смести топката во мрежата.

Дури по овој израмнувачки погодок Холанѓаните се разбудија, создадоа две стопроцентни шанси во завршницата, на крајот добија пенал во 98. минута што Гакпо го претвори во победнички гол, сепак премалку за да се поправи потпросечниот впечаток што „лалињата“ го оставија на овој натпревар.

Се вчитува...