Холанѓаните тотално разочараа на тестот со Алжир, Полска ремизираше со Нигерија (ВИДЕО)

Алжир славеше во Ротердам против Холандија со 0-1, во пријателски натпревар пред настапот на СП 2026.

Хаџ Муса го постигна единствениот гол на „Де Кујп“ во 86. минута од натпреварот.

Атмосферата на стадионот беше како натпреварот да се игра во Алжир, чии навивачи целосно ги надгласаа навивачите на „лалињата“.

Пред мундијалскиот настап, Холанѓаните ќе имаат генерален тест против Узбекистан, додека Алжир ќе се сретне со Боливија.

На стадионот во Варшава, Полска и Нигерија ремизираа (2-2).

Нигеријците водеа двапати, преку Мофи во 23. и Онуачу од пенал во 77. минута, но Полјаците успеаја да се вратат во првата минута од судиското продолжение преку Потулски, а потоа и во 5. минута од судиското продолжение од второто полувреме, Висњевски ги постигна конечните 2-2.

Нешто порано, ДР Конго и Данска одиграа без голови на стадионот во Лиеж.

Се вчитува...