Хорига замина за Саудиска Арабија – Нема да биде дел од шампионската прослава на Вардар

Украинскиот лев бек Дмитро Хорига нема да биде дел од утрешната шампионска прослава на ракометарите на Вардар. Иако „црвено-црните“ се подготвуваат за подигнување на пехарот во домашното првенство, Горига веќе ја напушти Македонија и официјално беше промовиран како нов играч на саудискиот клуб Ал Калиџ.

Ракометарот замина на кратка позајмица во Саудиска Арабија, каде ќе настапува до истекот на неговиот актуелен договор со Вардар, кој е со важност до крајот на јуни.

Веднаш по завршувањето на оваа краткорочна авантура, Горига се сели во Унгарија. Тој веќе има потпишано двегодишен договор со екипата на ПИК Сегед, каде што официјално ќе ја продолжи својата кариера.

Се вчитува...