ХОРОР СЦЕНА: Фудбалер остана без свест по судир со голман, во медицинско возило му го вратиле пулсот (ВИДЕО)

Натпреварот од втората шпанска лига помеѓу Андора и Тенерифе е прекинат во финишот поради стравичниот судир на голманот Хесус Овоно и напаѓачот Хесус де Мигел кој остана без свест и во возилото на итна помош му го вратиле пулсот.

Инцидентот се случи во судиското продолжение при резултат 2:2 кога голманот на Андора на средина на теренот при една интервенција во воздухот, силно го удри напаѓачот на Тенерите веднаш падна на тревата и остана без свест.

Овоно заработи црвен картон поради бруталниот старт прекршок, а играчите на двете екипи веднаш повикаа медицинска екипа.

По неколкуминутна интервенција на лекарите, Де Мигел на носилки беше изнесен од теренот и со возило на итна помош е пренесен во болницата Ла Кандалерија. Според шпанските медиуми, во возилото му била извршена реанимација на фудбалерот по што му бил вратен пулсот.

 

 

Се вчитува...