Хорор сцени во Бахреин: По експлозија на болидот, едвај жив спасен Грожан (ВИДЕО)

Страшниот инцидент денеска на трката за Големата награда на Бахреин во Формула 1, во кој едвај жива глава спаси Ромен Грожан.

За среќа Французинот во последен момент се извлече без сериозни последици. Уште во првиот круг, возачот на Хас ја загуби контролата над својот болид и се удри во заштитната ограда, по што неговиот болид се преполови и целосно се запали.

Грожан со брза реакција успеа да се извлече од пламенот и се чини дека освен што доживеа голем шок, ќе помине без повреди и сериозни изгореници.

Се вчитува...