Храбра одлука како пркос на коронавирусот: Елмас и Наполи продолжуваат со тренинзите

Италија и натаму е во хаос поради епидемијата на коронавирусот па малку кој во моментов размислува за фудбал Но, од Наполи синоќа храбро најавија продолжување на тренинзите.

Иако сите клубови добија препорака да почекаат со тренинзите до април, од Наполи стигна соопштение дека македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и неговите соиграчи во среда, 25. март, ќе продолжат со тренинзите.

„Првиот тим ќе почне да тренира во среда наутро“ – се вели во соопштението од Наполи.

Серија А е во прекин, и според најавите нема да продолжи до почетокот на мај.

Се вчитува...